ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека администрацијата сериозно размислува за ограничување на извозот на дизел од САД поради глобалниот недостиг и растот на цените. Во исто време, Вашингтон може да побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на гориво.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент ги повика европските земји веднаш да подготват и стават во употреба дополнителни резерви, со образложение дека американските земјоделци, превозници и компании не треба да го носат товарот од повисоките цени.

„Нашите европски партнери треба да го забрзаат исполнувањето на постојните обврски и веднаш да стават на располагање дополнителни резерви за да се надминат тековните нарушувања“, напиша Бесент на социјалните мрежи.

Трамп во текот на викендот изјави дека администрацијата „многу сериозно размислува“ за забрана или ограничување на извозот на дизел.

САД извезуваат меѓу 1,2 и 1,5 милиони барели дизел дневно, па евентуалното запирање на испораките би можело дополнително да ги зголеми цените на меѓународниот пазар.

Велика Британија вчера разговарала со европските партнери за можноста за заедничко ослободување на резервите доколку Вашингтон го ограничи извозот.

Извор запознаен со разговорите изјавил за Би-би-си дека е разумно да се подготви координиран одговор со други земји, вклучително и членките на ЕУ.

Од Европската комисија денеска соопштија дека се водат „бројни разговори и состаноци“ за ситуацијата со дизелот, вклучително и контакти на високо ниво со американската администрација.

Британската влада, пак, соопшти дека нема причина за загриженост поради можен недостиг на дизел, иако се очекува натамошен раст на цените.

Цените на бензинот и дизелот нагло пораснаа по избувнувањето на војната во Иран во февруари. Затворањето на Ормутскиот Теснец, преку кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, дополнително го наруши снабдувањето.

Притисок врз пазарот создаде и забраната за извоз од Русија, која е еден од големите снабдувачи со дизел.

Цените на дизелот во Велика Британија, Германија и други европски земји достигнаа историски високи нивоа. Дизелот потешко се рафинира од бензинот, а бидејќи е широко користен во транспортот и земјоделството, неговата потрошувачка потешко може да се намали.

Економистот Дејвид Фајф од „Argus Media“ предупреди дека прекинот на американскиот извоз би можел да предизвика дополнителен скок на меѓународните цени.

Би можело да ве интересира

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија