„Портокалова чума“: Гола статуа на Трамп изложена во Европскиот парламент

Од:

Во Европскиот парламент во Стразбур е изложен сатиричен кип на американскиот претседател Доналд Трамп. Скулптурата висока два и пол метри, дело на данскиот уметник Јенс Галшиот, го прикажува голиот Трамп со долга палка за голф на рамениците на значително помал човек кој се тетерави под неговата тежина.

Делото е обложено со 23-каратно злато и го носи називот „Портокаловата чума“, а познато е и како „Кралот на неправдата“. Придружниот текст го цитира „кралот“: „Ќе направам сè за да му помогнам. Освен што нема да му се симнам од грб“.

Уметникот објасни дека скулптурата е директна критика на односот на Трамп кон борбата против климатските промени.

Кипот е поставен во преминот што ги поврзува двете згради на Европскиот парламент и ќе остане изложен до четврток.

Данскиот европратеник Пер Клаусен, кој го организирал поставувањето на скулптурата, рече дека не е загрижен поради можна реакција од американскиот претседател.

„Ако некој е толку чувствителен што не може да поднесе оваа скулптура да биде изложена во Европскиот парламент, тогаш не му е местото на светската сцена“, рече Клаусен.

Трамп досега не го коментирал делото, кое претходно било изложено во повеќе европски градови, како и на климатската конференција на ОН COP30 во бразилски Белем.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно