Рускиот претседател Владимир Путин тргнал кон местото каде што треба да се одржи трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Според агенцијата, најверојатно Путин ќе седи од десната страна на Си Џинпинг. До ваквиот заклучок дошол дописникот на ТАСС врз основа на распоредот на знамињата во салата предвидена за разговорите.
Кинеската државна телевизија CCTV објави снимки од колоната возила на рускиот претседател додека се движела кон локацијата на средбата.
Телевизијата објави и фотографија од просторот подготвен за заедничко фотографирање на тројцата претседатели, пред почетокот на разговорите.
