(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

Од:

Се појави снимки на која се гледа како руски повеќенаменски бомбардер Су-34 го напаѓа американскиот борбен дрон MQ-9 Reaper.

Точниот датум на инцидентот не е познат, но на снимката, објавена на социјалната мрежа Х, се гледа моментот на нападот, снимен од пилотската кабина на авионот кој лета паралелно со дронот.

На видеото се гледа како Су-34 се приближува од задниот дел на американски MQ-9 Reaper. Кога рускиот авион е директно над дронот, тој испушта низа мамки (блесоци).

Според про-НАТО каналот кој го споделува видеото, овој инцидент се случил над Сирија.

Употребата на сигнални мамки против дронови како што е MQ-9 Reaper може да има повеќекратни негативни ефекти врз дронот, особено поради начинот на кој беспилотните летала функционираат и ги користат нивните оптички сензори.

Оптичките сензори на дронот можат да бидат заслепени од силната светлина на мамката, што може привремено да ја оневозможи навигацијата, таргетирањето и одржувањето стабилен лет.

Инфрацрвените камери може погрешно да ги протолкуваат мамките како закана или извор на топлина, што може да предизвика дронот да прави непредвидливи маневри.

Падобранските мамки можат физички да го загрозат дронот – ако паднат премногу блиску или дојде до судир, може да предизвикаат оштетување на леталото.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

„Фајненшл тајмс“: Иран и Русија имаат таен договор вреден 500 милиони евра

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени