Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пазахстани изјави дека неговата земја не развива нуклеарно оружје, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е потребен „проверен“ нуклеарен договор со Техеран.

„Ние не развиваме нуклеарно оружје. Ова е лесно да се провери. Тие доаѓаа и верификуваа секогаш кога сакаа и можат да дојдат и да проверат уште сто пати“, рече Пезешкијан на состанокот со странски дипломати во Техеран, пренесе Ал Џезира.

Трамп повика на „потврден нуклеарен мировен договор“ со Иран, додавајќи дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје.

Американскиот претседател ден претходно ја обнови својата политика на „максимален притисок“ врз Иран поради обвинувањата дека земјата развива нуклеарно оружје.

Иран го критикуваше враќањето на таквата политика, велејќи дека нејзиното спроведување ќе заврши со „неуспех“.

За време на неговиот претходен мандат во 2018 година, Трамп ги повлече Соединетите држави од нуклеарниот договор на Техеран од 2015 година со светските сили и повторно воведе санкции што ја осакатуваа економијата на земјата, што го натера Иран да ги прекрши условите од договорот, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Припадниците на Националната гарда веќе патролираат по улиците на Лос Анџелес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Улиците на Лос Анџелес се воена зона, демонстраните не се повлекуваат

ВИДЕО: Хаос во Лос Анџелес, Трамп ја испрати Националната гарда

Аракчи: Три европски земји лажно го обвинија Иран за кршење на заштитните мерки

Мерц : Германија долго време ќе зависи од САД

Трамп предложи намалување на федералните субвенции и договори за компаниите на Илон Маск