Горан Пандев нема да биде во почетниот состав на Наполи вечерва во дуелот со Арсенал на стадионот „Емирати“ во второто коло од Лигата на шампионите.
Најдобриот македонски фудбалер, кој токму на „топчиите“ им даде гол во ремито 2:2 на „Емирати купот“ во почетокот на август, не беше стартер ни против Борусија Дортмунд во првото коло на „Сан Паоло“, кога ги одигра последните 15 минути.
– Наполи има во својот состав извонреден играч, но малку потценет. Зборувам за Горан Пандев, кој постигна два гола во натпреварот со Џенова. Во акцијата за првиот гол дури и ја одзеде топката, сам си создаде можност и биеше прецизно. Луксуз е да имате играч како него на клупата, – изјави за РАИ експертот за тактика Адријано Бакони.