А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

by А1он05/02/2025 - 13:28595
Share0

Саудиска Арабија денеска соопшти дека нема да воспостави дипломатски односи со Израел без формирање на палестинска држава, порака што дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад не бара палестинска држава.

Добивај вести на вибер

Во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи се вели дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ја потврдил позицијата на земјата на „јасен и експлицитен начин“ кој не дозволува никакво толкување под никакви околности, пренесе Ројтерс.

Саудиска Арабија, исто така, отфрла какви било обиди за раселување на Палестинците од нивната земја, се вели во соопштението и се додава дека позицијата на Ријад кон Палестинците не е предмет на преговори.

Трамп претходно изјави дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.

Американскиот претседател, исто така, рече дека разговарал со други лидери на Блискиот Исток за неговиот предлог Палестинците да се преселат од Газа и рече дека на другите регионални лидери им се допаѓа идејата, која Палестинците претходно ја отфрлија.

gaza izraelsaudiska arabijatramp

Би можело да ве интересира

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:1614/03/2026 - 09:22

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:09

Венс е скептичен во врска со американските напади врз Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 15:31

Трамп: Нападите врз Иран ќе бидат уште поинтензивни следната недела

Горан Наумовски13/03/2026 - 15:29

Иран се предава, но нема која да го објави тоа, тврди Трамп

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 12:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен