Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Од:

Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција.

Треба на сите граѓаните да им биде јасно, само заради неспособност на Владата се покачува цената на парното кое можеше и требаше да биде спречено, потенцираше таа.

-Владата ветуваше евтин природен гас, но повторно излажа! Наместо да набави гас во јануари, кога цената на гасот во Европа беше околу 40 евра за мегават-час, Владата на Мицкоски набави гас за неверојатни 65 евра за мегават-час! Ако Владата навреме се погрижеше за поевтин енергенс, ова покачување немаше да се случи. Но, неспособноста и корупцијата повторно ги плаќаат граѓаните!, рече Шукова.

Потпретседателката на СДСМ прекупреди дека дополнително, ова поскапување ќе доведе до нова еколошка катастрофа бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што значи дека загадувањето ќе расте!

-Во услови кога Скопје е прв на лситата на најазагадени граадови во светот, овие политики на Владата директно го загрозуваат животот на скопјани. Значи, ни стандардот, ни здравјето на граѓаните не ѝ се приоритет!, рече Шукова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски