Зендели: Нелегитимната Влада го прекрши Уставот на Македонија, Охридскиот договор и Законот за јазиците

Од:

Систематско понижување на статусот на албанскиот јазик! ВЛЕН ќе носат историска одговорност за ова предавство. Вчера, нелегитимната Влада го прекрши не само Уставот на Република Северна Македонија, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците. Усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се прекршува основниот статус на албанскиот јазик како службен во оваа држава, изјави Арта Билали-Зендели од ДУИ.

-Оваа одлука е чекор назад и целосно прекршување на стандардите за еднаквост и правата гарантирани со Уставот и меѓународните закони. Албанскиот јазик е неприкосновено право и не може да биде третирано како опција која се нуди само по барање. Оваа измена на законот претставува неприфатлив и штетен чин за иднината на меѓу етничките односи. ДУИ има јасен став по однос на оваа прашање: нема да прифатиме никакво намалување на статусот на албанскиот јазик, ниту еден чекор што ги нарушува правата на Албанците и никакви обиди за напредување на оваа антиалбанска агенда.

Оваа измена на законот претставува директна интервенција во статусот на албанскиот јазик. Потсетуваме дека Владата мора веднаш да ја исправи оваа грешка и да постапи согласно Уставот и Охридскиот договор. ДУИ ќе продолжи да остане цврсто посветена на заштита на правата на Албанците, за да обезбедиме дека службените јазици ќе се третираат со истиот почит и еднаквост, како што е предвидено со законите на оваа држава. Исто така, им упатуваме повик до партијата на коалицијата ВЛЕН, да престанат веднаш со помагањето на ова понижување и деградација на статусот на албанскиот јазик. ВЛЕН ќе ја сноси историска одговорност за оваа предавство, бидејќи ниедна привилегија на власта не може да го оправда учеството во овие акти што ги повредуваат достоинството и правата на Албанците, нагласи Билали-Зендели.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања