Новак Ѓоковиќ реши јавно, на социјалните мрежи да проговори за хаосот на Австралија Опен. По мечот со Јиржи Лехечко, српскиот тенисер одби да зборува на теренот, поточно не сакаше да направи интервју со Џим Куриер. Тој брзо објасни дека причината за тоа е водителот Тони Џонс, кој пред камера го навредувал него и неговите обожаватели.
Новак детално зборуваше за тоа на прес-конференција, а за да биде сигурен дека допре до сите, реши да го објави на социјалните мрежи. Тој на своите официјални профили објави видео порака во која објасни зошто го направил тоа. Кога го објави ова на Твитер, се огласи и најбогатиот човек на светот Илон Маск. Го поддржа Новак. Подобро е директно да му се обратите на народот отколку да поминете низ негативниот филтер на медиумите“, му напиша Маск, сопственикот на споменатата социјална мрежа.
It’s way better just to talk to the public directly than go through the negativity filter of legacy media https://t.co/QYDJXWAC5r
— Elon Musk (@elonmusk) January 19, 2025
Под таа објава веднаш возвратија фановите на српскиот тенисер. Повеќето од нив му се заблагодарија на Маск што одлучил јавно да го поддржи Новак и да проговори на тема која привлече големо медиумско внимание.
Во таа објава Ѓоковиќ најпрвин им се заблагодари на сите за поддршката, а потоа објасни што се случило на теренот. „Сакам да одвојам момент да објаснам што се случи на теренот и зошто не дадов интервју по мечот, што е вообичаена практика. Сакав на сите да им објаснам што се случи“, започна Новак.
Продолжи во истиот здив. „Причината поради која го направив тоа е затоа што тој е познат спортски новинар од Австралија кој работи за телевизијата Австралија опен, Канал девет. Тој ги исмеваше српските навивачи и даваше навредливи коментари за мене. Се надевав дека ќе се извини, но тој сеуште не го направил тоа“, заклучи Ѓоковиќ.