Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Од:

Американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) синоќа поднесе тужба против Илон Маск поради тоа што милијардерот во 2022 година извршил измама бидејќи не го декларирал сопствеништво во Tвитер и купувал акции по „вештачки намалени цени.

“Маск, кој е исто така извршен директор на Teсла и СпејсЕкс, плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа што подоцна ја преименува во „Икс“.

Според СЕК, пред преземањето, тој го окрупнал својот удел во кпманијата до пет отсто и бил обврзен да објави за тоа, но тоа не го направил.

Според тужбата, Маск ја прикрил таа материјална информација, „овозможувајќи му да плати за акциите најмалку 150 милиони долари помалку отколку ако ги купил по поднесувањето на извештајот за финансиска корист.

“СЕК истражува дали Маск или некој друг што работел со него во 2022 година извршил измама со хартии од вредност, додека извршниот директор на Teсла продавал акции од својата автомобилска компанија и го окрупнувал својот удел во Твитер пред неговата откупна зделка со заем.

Маск во објава на „Икс“ минатиот месец рече дека СЕК издала „побарување за порамнување,“ вршејќи притисок да се согласи со договор кој вклучува казна во рок од 48 часа или да се соочи со „обвинувања врз бројни основи“ во врска со купувањето на акциите.

Адвокатот на Маск, Алекс Спиро, во изјава истакна дека чекорот на СЕК е признавање дека тие „не можат да поднесат вистинска тужба.

“ Тој додаде дека Маск „нема направено никакви грешки“ и ја нарече тужбата „измама“ и резултат на „повеќегодишна кампања на вознемирување,“ кулминирајќи со „еднократно смешно обвинување. “

Би можело да ве интересира

Пентагон е „нападнат“ од Илон Маск: Трамп му даде одврзани раце

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест

Маск: УСАИД е криминална организација, време е таа да умре

А1он

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Илон Маск кандидат за Нобеловата награда за мир

А1он