Со натпреварот од групата Г меѓу Зенит и Австрија Виена, денеска ќе стартува 2.коло во фудбалската Лига на шампиони. Средбата во Санкт Петерсбург ќе започне во 18 часот, а рускиот претставник влегува како апсолутен фаворит во овој дуел.
Од оваа група вечерва во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути ќе играат Порто – Атлетико Мадрид.
Во истиот термин ќе стартуваат и натпреварите од останатите три групи.
Дербито на вечерта е во Лондон каде Арсенал го пречекува Наполи со Горан Пандев.
Вториот пар од Ф групата е Борусија Дортмунд – Олимпик Марсеј.
Двојките за другите две групи се:
Група Е: Стеауа – Челзи, Базел – Шалке.
Група Х: Селтик – Барселона, Ајакс – Милан.