Хрватска повторно го избра Милановиќ

Од:

Според објавените излезни анкети, Зоран Милановиќ освоил 77,86 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Драган Приморац освоил 22,14 отсто.

Овој резултат беше дочекан со громогласен аплауз во изборниот штаб на Милановиќ, додека во штабот на Приморац атмосферата е во согласност со поразот што кандидатот на ХДЗ го претрпе во вториот круг од изборите.

Од штабот на Милановиќ сметаат дека овие избори го покажале и односот на граѓаните кон премиерот и лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Самиот Милановиќ во вчерашното интервју за порталот Телеграм изјави дека овие избори ќе бидат референдум против Пленковиќ.

Во седиштето на Приморац, во загрепскиот хотел Вестин, велат дека победиле на парламентарните и европските избори и дека победата на Милановиќ нема да влијае на позицијата на Пленковиќ во партијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска