ДУИ: СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја предизвика Владата

Од:

Однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се бори против актуелната власт, СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја предизвика Владата, туку само ја легитимира со своето молчење и согласност. Оваа трансформација не е случајна, велат од ДУИ.

„Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Анѓушев, има јасна цел: да обезбеди имунитет, во замена за власт што ќе го елиминира политичкото влијание на Албанците. Зарем не е токму ова причината зошто СДСМ не се спротивставува на засилувањето на елементите на „српскиот свет“ во Македонија?

Зошто не реагира на политиките што имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците? Зошто нема никаква критика за прекршувањето на етничкиот баланс, исклучувањето на Албанците од институциите и уривањето на механизмите на претставување? СДСМ веќе не е опозиција, туку тивок гарант на проект што им служи само на две групи: на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што сакаат да го вратат назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците.

Но, СДСМ не може да избега од својата историска одговорност. Како партија што тврди дека е левичарска, мора да се врати на својот идеолошки идентитет и да ги брани принципите врз кои е изградена: граѓанска еднаквост, правична застапеност, еднакви можности и општествен напредок. Молкот и покорноста пред националистичките агенди не е патот на СДСМ – тоа е патот кон нејзината конечна пропаст. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани во тајните политички зделки. А ниту македонските граѓани што веруваат во еднаквост и правда не треба да го дозволат тоа. Оние што денес молчат пред овa опасно сценарио, утре ќе сносат одговорност за неговите последици“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството