Хамас се согласи да одложи неколку отворени прашања во преговорите со Израел до подоцнежна фаза од предложениот прекин на огнот, во замена за ослободување на заложниците.
Kатарскиот весник Ал Араби Ал Џадед објави дека египетските, катарските и американските посредници ја поддржале пораката на Хамас и дека Египет покажал подготвеност да прифати одложување на повлекувањето на израелските сили од областа на патеката „Филаделфија“ долж границата Газа-Египет.
Како што јави „Тајмс оф Израел“, преговорите сега се „блиску до завршување“ и дека одговорот на Израел на предлогот на Хамас се очекува во наредните часови.
Сепак, Израел нагласи дека нема да се согласи на прекин на огнот што ќе спречи продолжување на борбите.