Гранада поуспешна од Атлетик Билбао во последниот натпревар од 7. коло на Примера

Од:

Фудбалерите на Гранада остварија победа на последниот натпревар од 7. коло во Шпанското фудбалско првенство. Тие синоќа пред своите навивачи го совладаа Атлетик Билбао со 2:0.

По слабото прво полувреме без посериозни шанси, головите беа постигнати во вториот дел. Гранада поведе во 53-та минута од пенал преку Јусуф Ел Араби, а истиот фудбалер осум минути подоцна реализираше за конечните 2:0.

Гранада по четирите натпревари без победа се искачи на 12. место со 8 бодови, додека Атлетик Билбао остана на 5. место со 12 бода, зад Барселона (21 бод), Атлетико Мадрид (21), Реал Мадрид 16, Виљареал 14.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска