Франција ја одбележува десетгодишнината од крвавиот напад врз Шарли Ебдо

Од:

Десет години по нападот на исламистите врз канцелариите во Париз на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, Франција денеска ќе им оддаде комеморација на жртвите од тој напад.

Покрај претседателот Емануел Макрон и бројните министри, на комеморацијата во поранешното седиште на изданието ќе учествува и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Во пукотницата во списанието на 7 јануари 2015 година, како и поврзаните напади врз полицаец и кошер супермаркет во деновите што следеа, загинаа вкупно 17 луѓе. Тројцата напаѓачи беа убиени од безбедносните сили.

Само во нападот на Шарли Ебдо, во кој двајца браќа отворија оган во редакцијата загинаа дванаесет лица.

Весникот претходно објави карикатури на пророкот Мухамед кои збеснаа делови од муслиманскиот свет.

Нападите во Париз на почетокот на 2015 година беа почеток на серијата терористички напади на исламисти во Франција во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ удри по Ѓоковиќ, го нацртаа како гробар на невакцинирани

А1он

Карикатура на Шарли Ебдо: Кралицата со колено притиска на вратот на Меган Маркл

Катерина Ѓуровски

На напаѓачот со мачета кај поранешните простории на списанието „Шарли Ебдо“ ќе му се суди за тероризам

Жарко Настоски

Ал Каида повторно му се заканува на „Шарли Ебдо“ поради објавувањето на карикатурите со Мухамед

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска