Карикатура на Шарли Ебдо: Кралицата со колено притиска на вратот на Меган Маркл

Од:

Францускиот сатиречен магазин Шарли Ебдо на насловната страница објави цртеж со британската кралица Елизабета и Меган Маркл. На сликата Кралицата со налутен израз на лицето со колено притиска на вратот на Меган.

dobivaj vesti na viber

Авторот прави паралела со смртта на Џорџ Флојд кој почина откако полицаец девет минути го држеше на вратот со колено.

„Зошто Меган ја напушти Бакингемската палата?“ стои на насловната страница.

„Затоа што не можев веќе да дишам“, вели одговорот на Меган.

Ова доаѓа откако во интервју кај Опра, Меган Маркл раскажа дека во кралското семејство тема на разговори била бојата на кожа на нејзиното бебе.

Насловната страница на магазинот ги разбесни обожавателите на британската кралица, но и многу активисти кои сметаат дека користењето на смртта на Џорџ Флојд за вакви цели е крајно несоодветно.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство ѝ честиташе роденден на Меган

Елизабета Втора: Почестена сум од бројот на луѓе кои излегоа да го прослават платинестиот јубилеј

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почна четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на Кралицата

Катерина Павлова-Николовска

Кралицата Елизабета Втора слави 70 години на британскиот трон

Кралицата Елизабета го слави 96. роденден