Градските власти на Рио де Жанеиро вечерва соопштија дека утре на новогодишната прослава на познатата плажа Копакабана се очекуваат околу 2,5 милиони луѓе.
Покрај традиционалниот огномет, на три сцени ќе има и концерти со големи имиња од бразилската музика како поп-ѕвездата Анита или карневалската кралица Ивета Сангало.
Но, еден од најочекуваните концерти несомнено ќе биде концертот на Кетан Велосо, водечката фигура на музиката таму, заедно со сестра Марија Бетанија.
Безбедноста ќе биде зголемена во однос на минатата година, соопштија локалните власти, додавајќи дека само на плажата Копакабана ќе бидат распоредени 3.300 полицајци.
Полицијата ќе користи детектори за метал, дронови и камери за надзор за препознавање лица.
Со приливот на туристи низ целата земја, градските власти на Рио де Жанеиро за новогодишните празници сметаат на заработка од 3,2 милијарди реали (околу 500 милиони евра).