ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Од:

ДУИ ги осудува партиите избрани од ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за ослободувањето на осудените за нападот на 27 април 2017 година, кој имаше за цел да го спречи изборот на првиот Албанец за претседател на Собранието и притоа ги загрози животите на пратениците. Ова срамно ослободување беше најавено со објавените фотографии на главниот извршител на нападот, Горан Ангелов – Ќосето, со замениците на Африм Гаши, Изет Меџити и Арбен Таравари. Тоа е јасен доказ за улогата на ВЛЕН во поддршката на оние што го загрозуваат уставниот поредок и меѓуетничката хармонија, велат од ДУИ.

– „Честитки“, исто така, за прогласувањето за невин на полицаецот кој го понижи албанското знаме – уште еден јасен пример за потценувањето на симболиката и достоинството на Албанците од страна на ВЛЕН. По овие дејствија, сосема е природно ВЛЕН да го прогласи и поранешниот заменик-претседател на Владата, Анѓушев, за „Бизнисмен на годината,“ не затоа што е на црната листа, туку затоа што е ментор и колега на нивниот патрон во Владата. ДУИ нема да молчи за овие дела кои ја поткопуваат правдата и ги нарушуваат правата на Албанците. Им упатуваме повик на граѓаните да ги одбијат овие деструктивни политики кои го загрозуваат мирот и еднаквоста. ДУИ – секогаш во одбрана на правдата, еднаквоста и народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

ВРЕДИ: Коцевски е предлог на Груби и на Лога

Мицкоски неосновано апси Албанци како параван за неуспесите на владата, обвинува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Албанскиот народ во земјава е под напад од институциите

А1он