Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало.
Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри.
Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.