Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

Од:

Полните контејнери во скопските општини полека се празнат, камионите на ЈП „Комунална хигиена“ работат постојано, а од Град Скопје уверуваат дека ќе се нормализира состојбата во текот на денот.

Преполните контејнери на скопските улици почнаа да се празнат откако со полициска асистенција камионите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се вратија на улиците доцна синоќа, а најголем дел од вработените останаа да протестираат.

Градоначалниците на скопските општини со асистенција на комунални возила од другите помали градови синоќа почнаа своја акција за собирање на сметот и одложување на истиот во „Дрисла“, но оттаму наидоа на затворени врати па мораа ѓубрето да го истурат пред капија.

Работниците од Комунална Хигиена – Скопје, започнаа да протестираат во саботата пред просториите на претпријатието, поради, отпуштањето на десетици нивни колеги, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Тие одбиваат да го соберат сметот додека не се исполнат нивните барања.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по состанокот на градскиот кризен штаб, обвини дека дел од вработените повеќе дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Сепак таа додава дека чистење на отпадот се враќа во нормала.

Би можело да ве интересира

За фрлање од возило отпушок од цигара, шише или гума за џвакање казна од 55 до 120 евра

А1он

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски