Тошковски: Ако Груби е невин, да дојде и да потврди дека е чист како солза

Од:

Се надевам предметното лице ќе покаже дека е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди фразата дека е чист како солза и дека не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Најодговорно тврдам, согласно сите оние докази кои што ги имаме, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза, посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање во врска со бегството на поранешен вицепремиер Артан Груби.

Според Тошковски, прашањето не е дали, туку прашањето е кога предметното лице ќе се најде пред лицето на правдата во државата.

-Пријатно бев изненаден од изјавата на предметното лице во насока на тоа дека истото е на приватен или службен пат и дека само кратко ќе се задржи во друга држава, не во државата која го хранела долг временски период. Се уште се надевам дека тоа лице ќе покаже доблест и одговорност, но и дека навистина е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди онаа фраза која што ја изјави дека е чист како солза и дека навистина не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Јас најодговорно тврдам, согласно сите докази кои што ги имаме собрано до сега, и сите оние факти кои што се утврдени во рамки на овие предистражни и истражни постапки, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза, рече Тошковски.

Тој посочи дека освен овие факти, постојат индиции и за други факти кои се во насока на сторени епски криминали.

-Ќе му треба виртуозен адвокат, кој што е експерт од областа на Кривичното право, за да успее да создаде некоја теорија на одбрана. Се сомневам дека таа теорија на одбрана ќе биде аргументирана во насока на она кое што мислам дека ќе следи во иднина, во делот не само на овие факти и докази, туку постојат индиции и на други факти, кои се во насока на сторени епски криминали, додаде Тошковски.

Тој потсети дека за поранешен вицепремиер Артан Груби веќе е распишана меѓународна потерница, стапено е во билатерална комуникција со сите соседни држави, доставени се доказите кои што се во насока на обезбедување на предметното лице и негово соодветно процесуирање до органите во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

А1он

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

А1он

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Министерот за внатрешни успешно опериран на скопските клиники

А1он