ВМРО-ДПМНЕ: СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

Од:

Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче. Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон. Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е еден спрема пет во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа.

Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија. СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада.

СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст. Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски зборува едно, Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

СДСМ: Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушкувале и обвинителите кои тоа го дозволиле

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради