СДСМ: Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните

Од:

Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект. Измамата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени, велат од СДСМ.

„Фактите зборуваат сами за себе: Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари. Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување. Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари. Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните. Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето. Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието