ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Од:

Го поздравуваме фактот што домашните институции започнаа со следење на имињата санкционирани од страна на Стејт департментот на САД. Ова е чекор што покажува рефлектирање, особено ако се има предвид дека истите политички актери претходно го блокираа законот за рестриктивни мерки. Сепак, правдата не смее да застане тука. Ако навистина започнал процес за ставање крај на злоупотребите и корупцијата, тогаш тој процес треба да биде сеопфатен, непристрасен и праведен, велат од ДУИ.

„Најјасен пример за непотполна правда е ликот на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, кој, иако е на „црната листа“, продолжува да ги развива своите бизниси „подобро од кога било“. Ако институциите се навистина посветени на правдата, тогаш и тој треба да биде дел од овој процес, бидејќи селективната правда создава впечаток на политички и етнички прогон. ДУИ бара еднаков и транспарентен процес. Не треба да се дозволи оваа ситуација да се перципира како инструмент за политичка злоупотреба или за продлабочување на етничките поделби. Секоја злоупотреба на власта, без разлика на политичката или етничката припадност, треба да добие соодветен одговор од правдата. Граѓаните очекуваат држава во која правдата ги третира сите еднакво. Ова не е само прашање на отчетност – ова е темелот за градење правично и еднакво општество. ДУИ останува непоколеблива во барањето за правда и еднаквост, штитејќи ги правата и достоинството на сите граѓани на Северна Македонија“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски