Олбрајт: САД во Косово дејствуваа илегално, но исправно

Од:

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт изјави дека постапките на САД во Косово, вклучувајќи ја кампањата на бомбардирање без мандат на ОН, биле спротивни на меѓународното право, но и натаму се исправни, јавија американски медиуми.

Разгледувајќи ги паралелите меѓу кризата на Косово во 1999 година и моменталната криза во Сирија, Олбрајт за американското Национално јавно радио истакна дека постојат низа начини на кои САД би можеле да го извршат воениот удар врз сирискиот режим без одобрение на Советот за безбедност на светската организација.

– Сметам дека постојат низа различни начини тоа да се направи. Ако прашате дали е тоа легално, искрено, да се вратиме на Косово, системот во некоја рака рече дека она што таму го направивме не беше легално, но беше исправно, рече Олбрајт.

– Секогаш верував дека е подобро нешто да направиме мултилатерално, отколку унилатерално. Но, постојат други начини тоа да се сфати и да се излезе од ќорсокакот на Советот за безбедност на ОН, додаде Олбрајт.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ