Во Подгорица вечерва било употребено огнено оружје при што едно лице е повредено, соопшти Управата на полицијата.
Во соопштението се додава дека употребата на огнено оружје се случила околу 18 часот и 40 минути.
„Службеници од Регионалниот центар за безбедност „Центар“, Одделот за безбедност Подгорица, преземаат интензивни активности со цел расветлување на настанот во кој едно лице беше повредено од огнено оружје вечерва во Подгорица. Имено, вечерва во Подгорица околу 18:40 часот е употребено огнено оружје при што едно лице е повредено“, се вели во соопштението.
Од полициската управа додаваат дека полицијата е на лице место каде е во тек увидот, а во соработка со надлежното обвинителство се преземаат интензивни мерки и дејствија за расветлување на настанот и гонење на сторителот.