Пензиониран полицаец во Подгорица си ги уби синот и сопругата па се самоуби

Од:

52-годишен полицаец во пензија синоќа во Подгорица ја уби сопругата на В.Д. (50) и синот Ѓ.Д. (13), а потоа се самоуби.
Трагедијата се случила половина час по полноќ, велат од Полициската управа за „Вијести“. М.Д. со огнено оружје ги убил сопругата и синот.

Во соопштението на Полициската управа се наведува дека М.Д. бил нивен вработен во пензија, додека В.Д. бил воспитувач.

„Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички експерти и службеници на Одделението за безбедност на Подгорица. Според засега достапните информации, пиштолот што бил користен како средство за извршување на ова кривично дело било приватен.На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, за кои полицијата ќе утврдува дали биле легално поседувани“, соопштија од Полициската управа.

Оттаму додаваат дека според досегашните податоци со кои располага Управата на полицијата, се сомнева дека мотив за ова кривично дело е „насобрана состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството, момчето кое беше лишено од живот“.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора