Грушко: ЕУ загуби повеќе од 1,5 милијарди евра поради санкциите против Русија

Од:

Европската Унија загуби повеќе од 1,5 милијарди евра поради санкциите кон Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко и оцени дека тоа е „цената на политичкиот избор на елитите на овие земји“.

Европската Унија „е на пат на самоуништување“, додека, како што Грушко, руската економија успеала да се прилагоди на западните санкции, пренесува ТАСС.

Потпретседателот на руската влада Александар Новак вчера даде прогноза дека руската економија на крајот на оваа година ќе порасне за 3,9 отсто, додавајќи дека тоа е значително над просечните стапки на економски раст во светот.

Во својот последен извештај, Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен потсетува дека економијата на еврозоната пораснала за 0,9 отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година.

Експертите од минхенскиот институт очекуваат економијата на еврозоната да порасне за по 1,2 отсто во 2025 и 2026 година, со големи разлики меѓу земјите-членки на еврозоната, се наведува на веб-страницата на IFO.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Порака од Русија: Око за око, заб за заб

(ВИДЕО) Железничка несреќа во Русија: Најмалку 14 загинати

Горан Наумовски

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

Мицкоски: Македонија го заслужува своето место во Европската Унија

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел