Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Од:

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи.

„Криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна определба и одлука на Артан Груби и Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократскиот сојуз повикува Парламентот да усвои Закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност.

САД покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа.
Водството на ОНА наместо во Хаг, дваесет години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани и Албанци и Македонци. Очекуваме оставки и акција од државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Горан Наумовски

Ахмети организира протест за поддршка на лидерите на ОВК во Скопје

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122