Демократски Сојуз: Бегството на Михаилова бара итна истрага и одговорност

Од:

Демократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михаилова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.

– Михаилова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци.

Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници.

Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани.

Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши.

Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија.

Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

МНР: Изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михајлова се навредливи и провокативни

(ВИДЕО) Манасиевски: Некредибилниот Барбов да каже на јавноста дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?