(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

Од:

Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, 3 и 4 ешалон кој, само тој може да ги управува и мрежата на НВО на Сорос. Неврохирургот на Заев, Филипче, од некогаш големата СДС, сега направи компанија која во етерот нуди извитоперени и искривени вредности. Раководството е составено од децата на Заев, негови потрчковци од 3 и 4 ешалон, кои само тој може да ги управува и разни поранешни НВО активисти, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните не можат да очекуваат од СДС веќе ниту идеологија, ниту минимум чувство за државни интереси. СДС ќе биде користена како приватна фирма за интересот на поединци, а пред се за интересот на Зоран Заев и неговиот неврохирург Венко Филипче. Целото раководство на СДС се луѓе кои биле извршители на политиките на Заев како министри, државни секретари или директори. Сегашното раководство на СДС се виновни и за загадениот воздух, за кој 7 години не преземаа ниту една мерка, и за лошото здравство и за немањето инвестиции во инфраструктурата и за целата стагнација на државава изминативе 7 години. Раководството на СДС ја заглави државата, сега ќе го заглави и СДС – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните