ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Од:

Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат. Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вас, кому Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ, велат од коалцијата ВРЕДИ.

– За враќање на Груевски и амнестија имало тајни средби, притисокот врз институциите и вмешаност на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори. ВЛЕН нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците? Албанскиот народ веќе нема да се манипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат, се вели во соопштението од коалцијата.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на Европски фронт испрати писмо до Советот на Европа, бара експертска проценка за истрагата на трагедијата во Кочани

ВРЕДИ: Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба

А1он

Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, велат од ВЛЕН

ДУИ: Мицкоски целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството

ДУИ: Вие може да се заканувате, но ние нема да молчиме

Горан Наумовски

ДУИ: Сите сѐ гледале што се случува во „Пулс“, но цела година – никој ништо не видел