Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Од:

Британската влада денеска воведе санкции против уште 30 бродови од таканаречената „фантомска флота“ која и дозволува на Русија да ја извезува својата нафта и гас со заобиколување на западните ограничувања наметнати од почетокот на руската инвазија на Украина.

„Утрово го објавив најголемиот пакет санкции против руската флота фантомки. Ова зборува за ангажманот на Велика Британија во однос на Украина“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами на средбата со своите колеги од Г7, што се одржува во Италија.

Британските санкции сега важат за вкупно 73 бродови.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина