Таен прекин на летовите во дел од Русија

Од:

Русија затвора делови од својот воздушен простор поради ракетни тестови што ќе бидат извршени денеска и утре. Ова го објави Киев пост на официјалниот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на руските медиуми.

Се наведува дека слично известување добило и кога Русија вчера лансираше балистичка ракета „Орешник“ врз украинскиот град Днипро. Скај њуз јавува дека утринава во 8:25 часот по локално време властите на Санкт Петербург соопштија дека летовите на меѓународниот аеродром „Пулково“ во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин се привремено прекинати.

Британската телевизија наведува дека има информации за неидентификуван летечки објект, поради што се подигнати руски борбени авиони и испратени да истражат за што се работи.

Засега нема официјално објаснување за причините за прекинот на летовите во Русија, а од Кремљ соопштија дека Путин е запознаен со ситуацијата на аеродромот.

Во меѓувреме, соопштено е дека воздушниот простор над аеродромот „Пулково“ е повторно отворен за сообраќај.

Путин не го коментираше прекинот на летовите, кој траеше околу еден час.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина