Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Од:

Граѓаните кои го блокираат пристапот за возилата за собирање и транспорт на отпадот и покрај снегот и дождот, попладнево не им дозволија на камиони од соседните општини да поминат кон депонијата кај селото Бели.

Возилата за одржување на комуналната хигиена беа запрени пред крстосницата каде што две недели без прекин се одвива блокадата. Од возачите на камионите беше побарано да ги свртат и да се вратат назад, а полициски службеници не дозволија инцидент при обидот да се депонира отпадот на локацијата на кочанската депонија.

-Ова е чиста провокација, доаѓаат возила од другите општини со намера да направат инцидент и ние да се тргнеме. Им порачуваме да не си играат со нервите на луѓето овде. Како што дојдоа, така си отидоа. Подобро е да го решиме проблемот на мирен начин, а не вака затоа што протестот е веќе радикализиран и најдобро е да размислат што прават, истакна Лазар Захариев, учесник на протестот.

-Се случи токму тоа што го претпоставувавме, дека од комуналните претпријатија ќе играат на картата да нѐ фатат на кондиција, но имаме солидна група луѓе тука и ги детектиравме камионите уште на влезот во Кочани кај хотелот „Национал“ и успеавме овде да ги блокираме. Се работи најверојатно за возила од општините Чешиново-Облешево и Зрновци, и едно од Виница. Дојдоа со автомобил во кој беа нивните раководители, но сѐ е добро кога добро ќе заврши. Кога нешто се прави со љубов и посветеност, а за да се исправи голема нечовечка, нехумана неправда нема да нѐ спречат ниту снегот, ниту дождот, истакна Благица Сабовљевиќ Стоименова, учесничка на протестот.

Присутните на блокадата нагласија дека нема да се откажат од своето барање отпадот од другите општини да не се носи на депонијата кај Кочани. Исто така, од надлежните во комуналните претпријатија побараа да не ги упатуваат возачите на комуналните возила на оваа локација за да се избегнат можни инциденти.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена