Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница

Од:

Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.

Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел.

Би можело да ве интересира

„Десет лопати за девет години“ – граѓанска акција за вечната изградба на клиничкиот центар во Штип

Се уште нема извештај како починала 41-годишната пациентка во Штипската болница, директорот повика да престанат нападите врз здравствените работници

Искра Манојлоска

Нова комисија ќе испитува зошто 41- годишната жена молела за кислород пред да почине во штипската болница

Маја Илиевска-Пачемска

Штипјанец сакал насилно да влезе на Инфективното одделение

Катерина Ѓуровски

Лекари од Штип добиле по 322 денари од државата за борбата со коронавирусот

Маја Илиевска-Пачемска

Штипската болница треба да биде готова до 2020