Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Од:

Финскиот суд донесе одлука за конфискација на руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украинската енергетска компанија Нафтогас, а Министерството за правда на Финска денеска соопшти дека ја спроведе оваа одлука.

Националната извршна власт на Финска соопшти дека извршила судска наредба за конфискација на руски имот, без да даде детали, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе се обиде да ја оспори оваа одлука на суд, како и дека ќе ги искористи сите правни механизми за заштита на руските интереси.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални