Работничката партија на Курдистан (ПКК) денеска ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара, во кој загинаа пет лица, а 20 беа повредени.
Во соопштението на военото крило на ПКК се наведува дека нападот врз просториите на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС го извршиле двајца припадници на таканаречениот „Бесмртниот Батлјон “ како одговор на турските „масакри“ и други операции во курдските региони, пренесува АП.
Турција претходно ја обвини ПКК за нападот и веднаш започна серија воздушни напади врз локации и објекти за кои постои сомневање дека ги користи милитантната група во северен Ирак или северна Сирија.