Сојлу: ПКК контролира 80 отсто од трговијата со дрога во Европа

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Курдската работничка партија (ПКК) контролира 80 отсто од трговијата со дрога во Европа.

Тој посочи дека ПКК добива околу 1,5 милијарди долари годишно од шверц со дрога.

Сојлу истакна дека со приходите од трговијата со дрога терористичките организации купуваат оружје.

Турскиот министер за внатрешни работи рече дека бројот на операции против наркотици во Турција од јануари до октомври се зголемил за 29 отсто во споредба со истиот период во 2017 година.

Според него, трговијата со дрога е главен извор на финансирање на „терористичката организација ПКК“.

ПКК води вооружена борба против турската држава од 1984 година, во која досега загинаа околу 40.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски