Париз ги осуди „неселективните“ напади во ирачки Курдистан

Од:

Франција ги осуди „ неселективните “ ирански напади во ирачки Курдистан, кои беа насочени кон вооружените групи на иранската курдска опозиција кои ја осудуваат репресијата на демонстрациите во Исламската Република, јави дописникот на МИА.

„Франција ги осудува масовните напади за кои одговорноста ја презема Иран, извршени во автономниот регион Курдистан, со флагрантно кршење на ирачкиот суверенитет и меѓународното право, кои неселективно ги погодија цивилите“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Франција повикува на почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет на Ирак и стабилноста и безбедноста на автономниот регион Курдистан во него, се додава во текстот. Овие напади оставија „13 мртви – вклучително и бремена жена – и 58 повредени, повеќето од нив цивили, вклучително и деца помлади од десет години“, објавија во средата антитерористичките служби на Ирачки Курдистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна

Предупредување до туристите: Избегнувајте го Париз додека траат протестите – 45000 полицајци мобилизирани

А1он

(ВИДЕО) Мајката на тинејџерот убиен во Франција: Не ја обвинувам полицијата, само тој што пукаше

(ВИДЕО) Голема експлозија во центарот на Париз: Мислевме дека е напад

Катерина Ѓуровски