Акција за орална вакцинација на лисиците против беснило

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска, на спортскиот аеродром во битолското село Логоварди, ќе ја почне акцијата за орална вакцинација на лисиците против беснило.

Акцијата е во рамки на есенската кампања на Агенцијата за борба против беснило и одбележувањето на Светскиот ден за борба против беснило – 28 Септември. Ќе трае до средината на октомври, а како и четирите спроведени досега, опфаќа дистрибуирање вкупно 500.000 вакцинални мамки со авиони, по 21 на километар квадратен површина.

Мамките се исфрлаат на целата територија на државата со исклучок на населените места, водените површини и планинските врвови над 2.000 метри надморска височина.

Три недели по завршувањето, АХВ ќе спроведе контрола на успешноста на акцијата поради што, апелира, ловните друштва, од почетокот на ноември, согласно склучените договори, да извршат застрел на договорениот број лисици заради лабораториско испитување.

Македонија почна со имплементација на Програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило во мај 2011 година кога се реализираше првата кампања. Оттогаш  беа потврдени 9 случаи на беснило, 8 кај диви животни (4 лисици и 4 волци) и еден кај домашна мачка.

Досега спроведената мониторинг програма за успешноста на оралната вакцинација потврдува висок процент на успешност за ерадикација на болестa од која во светот годишно умираат повеќе од 50 илјади луѓе.

Серолошките тестови за контрола на ефикасноста на вакцините против беснило кај лисиците, кучињата и мачките од 1 јануари 2013 година се вршат во Националната референтна лабораторија за дијагностика при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он