Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Од:

СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ и нема да ја кочи иднината на земјата и граѓаните за своја политичка корист но нема да биде параван на пропаднатите политики на Мицкоски, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на народниот собир во с. Селце, Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.

„Слушам дека бараат конструктивност од опозицијата. Велат ќе сме биле вклучени во одлуките. Сакам јасно да им порачам, СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ и нема да ја кочи иднината на земјата и граѓаните за своја политичка корист. Но едно да биде јасно, СДСМ нема да наседне на нивните манипулации“, изјави Филипче.

Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ ќе даде поддршка за секое решение или подобра позиција која ќе ја договори Владата, но само ако тие решенија се реални и остварливи.

„Ако очекуваат дека СДСМ наивно ќе даде поддршка на идеи кои значат понатамошни блокади, решенија во кои никој не верува освен тие самите во Белата палата, тогаш се излажале. Ние нема да бидеме параван за нивните пропаднати политики. Нека покажат лидерство, нека покажат храброст и најважно од се, нека покажат искреност“, потенцираше Филипче и додаде дека доколку ВМРО ДПМНЕ не понуди реални решенија, СДСМ нема да биде соучесник.

„Нека понудат реални решенија околу кои може да се обединиме. Ако не, нема да бидеме соучесници во нивната пропаст“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче рече дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа заложници на своите лажни ветувања, а со тоа ја држат во заложништво и Македонија. „Ветуваа дека ќе обезбедат подобри позиции во преговорите со Европската Унија. Свесни дека лажеле, свесни дека не можат ништо да испорачаат, сега се заглавени како воз во снег – ниту напред, ниту назад.“- рече претседателот Филипче.

Филипче ги оцени постапките на Владата како хаотични и неусогласени, при што рече: „Погледнете ги, личат на раштиман оркестар. Мицкоски зборува едно, неговиот министер Муртезани зборува друго, а вистината е дека немаат решение. Немаше храброст да излезат пред вас, да ви кажат дека лажеле.“

Претседателот на СДСМ ја посочи и промената на ставот на Мицкоски во врска со Преспанскиот договор. „Ги слушавме како ветуваат дека ќе ги поништуваат меѓународните договори. Пред некој ден Мицкоски рече дека Преспанскиот договор бил добар и требало да биде модел за преговорите со ЕУ. Замислете, Мицкоски кој својата политичка кариера ја изгради на протести против Преспанскиот договор, сега го посочува како успех,“ потенцираше претседателот Филипче, додавајќи: „Кога им одговараше, манипулираа со емоциите на граѓаните не размислуваа дека еден ден ќе мора да преземат одговорност“.

Филипче истакна дека Македонија денес е „заглавена“ токму поради „популистичките и лицемерни политики“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Се проверува дали компании што го користат попустот на ОКТА прават реекспорт на горивата во соседството

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“