На годишнината од изненадувачкиот напад на Хамас над Израел регионот на Блискиот исток е во една од најголемите кризи во историјата. По нападот во која беа убиени над 2000 Изралеци, а стотици беа земени како заложници, Израел почна напади на Газа кои се интензивираа на целата територија на енкалвата каде што сега има на 40 илјади убиени и милиони раселени.
Покрај војната со Хамас во Газа, Израел веќе отворено војува со Хезболах на територија во Либа, Израелската војска почна прво со гранатирање на либансска територија, а од пред извесно време спроведува и копнена офанзива. Илјаднци се раселени од нивните домови во пограничните делови на Либан, а нападите на Бејрут секој ден стануваат се пожестоки. Во меѓувреме, Иран, главниот поддржувач на Хезболах изведе краток напад напад на Израел минатата недела. Од тогаш постојано и двете страни си разменуваат закани, Израел дека ќе се одмазди, а Иран дека ќе нападне пожестоко.
САД остануваат најголемиот сојузник на Израел, постојано поддржувајќи го неговото „право на одбрана“ паралено обезбедувајќи и финансиска помош и оружје. Израел останува глув на сите повиици на Обединетите нации за прекин на нападите во Газа каде гинат илјадници цивили, речиси комплено е уништена инфраструктурата, болниците работат со крајно ограничени ресурси, а енклавата се бори и со глад и со болести.
Генералниот секретар на Обедиинетите нации, Антонио Гутешер кој во меѓувреме беше прогласен за „персона нон грата“ во Израел повика светот да не дозволи Либан да се претвори во нова Газа.