Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

Од:

Синоќа во Чаир се случи уште едно пукање. Со дури четири прострелни рани, тешко е повредено младо момче од 19 години, кое се бори за живот.

Ова е втор пат за 1 месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче.

Состојбата со безбедноста на улиците е алармантно влошена. Тоа е учинокот на Владата на Мицкоски во изминатите 100 дена.

Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос, рече на прес конференција, Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат.

Со Тошковски на чело на МВР досега има над 20 случаи на употреба на огнено оружје или остар предмет, околу 10 убиства и обиди за убиства.

Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство во во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица….И нема разврска на овие инциденти ниту на убиствата. Едвај еден случај е расчистен.

Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.

Само последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, полицајци. Такви беа случаите со запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Од затворите кој сака бега и кога сака излегува. Избегаа 10 затвореници од затворот Шутка. Одговорност нема.

Лани, 2023 година Македонија беше прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, а сега, само 100 дена во ВМРО-ДПМНЕ состојбата е алармантно влошена.

После сите скандали, после сите овие убиства, пукања, криминални пресметки без разрешница, Мицкоски веќе требаше да реагира и да го смени Тошковски, но очигледно го штити.

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.

Ако Тошковски ја сака Македонија ќе си поднесе оставка.

Бараме оставка од Тошковски веднаш, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

А1он

„Низок обид за манипулација на јавноста“, вака Тошкоски ја коментира интерпелацијата од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев ја ограбуваше и продаваше државата, сегашното СДС силно аплаудираше

Горан Наумовски

Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање

Горан Наумовски

ДУИ: За да ги прикрие неуспесите на неговата партија, Филипче користи анти-ДУИ наратив