Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи објави фотографија со сирискиот претседател Башар ал Асад по, како што рече, дискусијата за регионални прашања.

Заедно со фотографијата, тој испрати и нова предупредувачка порака до Израел:

„Беше нагласено дека Иран ќе застане со „Отпорот“ во секоја ситуација. Исто така беше јасно дека одговорот на каква било агресија од страна на израелскиот режим ќе биде посилен и тие може да ја стават нашата решителност во искушение“, напиша Абас Арагчи на мрежата X.

Иранскиот министер за надворешни работи пред посетата на Сирија го посети главниот град на Либан, Бејрут, кој деновиве е жестоко бомбардиран од израелските сили.

Иран се вклучи во регионалниот конфликт откако пред неколку дена ИДФ со пешадија влезе во Либан.

Во вторникот вечерта Иран изврши ракетни напади на територијата на Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тогаш изјави дека тоа е голема грешка и дека ќе следи „жесток одговор“.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху