ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

Од:

Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што сме затекнале, за да одиме напред мора да знаеме што ни оставиле од владата

Во владата предводена од СДС здравството беше особено тема благодарение на тогашниот министер за здравство Венко Филипче, сега претседател на СДС.

Посебна специјалност на Филипче беше местењето тендери. Тој беше препознатлив по низа на контроверзни тендери.

Филипче со тендер сакаше да ја продаде стерилизацијата или одговорноста за стерилизацијата во сите здравствени институции да се даде една контроверзна фирма. Направи повеќе тендери ги подели институции, некои и му поминаа и сето тоа го направи на целосно контроверзен начин односно преку целосно спорен тендер на крајно сомнителна фирма.

Филипче во ниту еден момент не одговори на прозивките со јасни детали, иако се поврзуваше со со контроверзниот албанскиот бизнисмен Филип Рапај во врска со тендерот за стерилизација.

Стеризлизацијата е клучна во медицината станува збор за стерилизирање на инструменти, операциски сали, облеката на лицата, но зошто Филипче би го интересирало такво нешто, односно здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа во прво читање поминаа на пленарна седница

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што политичките приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници

А1он