Од 28 септември до 5 октомври годинава, граѓаните ќе можат да ги вакцинираат своите миленичиња, кучиња и мачки, против беснило за 250 денари.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, акцијата е дел од есенската кампања за борба против беснило и по повод Светскиот ден за борба против беснило – 28 Септември. Целта е подигнување на јавната свест за ризикот од болеста и преземање мерки за нејзино спречување и ширење.
Списокот на ветеринарни станици вклучени во кампањата е достапен на интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство www.ahv.gov.mk.