(ВИДЕО) Сања Раѓеновиќ: Како тргнало и Даут пашин амам ќе се претвори во барок

Од:

Не знаеме каде ќе се затвори кругот на барокот, никој не знае колкав е неговиот радиус, можеби утре ќе се сетат и Даут пашин амам да го преобликуваат, па со куполите што ги има да го претворат во она што го нарекуваат барок, вели новата претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, по информацијата дека Град Скопје планира да ја промени и фасадата на зградата на Ибни Пајко.

Таа вели дека треба да заврши измачувањето со т.н.р. барок. Но, тоа според Раѓеновиќ- Јовановиќ е невозможно во овој момент, бидејќи архитектурата е одраз на времето во кое живееме и на општествената криза што владее во сите сфери, но токму архитектурата се нашла прва на удар.

Според претседателката на ААМ, идејата за изградба на шпанските скали на плоштадот Македонија, која беше промовирана преку медиумите – е скандалозна. Таа вели дека општина Центар мора да покаже слух и да го спречи ова.

-Борбата за архитектурата мора да продолжи. Недозволиво е некој да го „спасува“ градот од неговите архитекти и граѓани. Без дијалог и здрава дебата не постои здрав град, туку болно ткиво.

Според неа недозволиво е да се продолжи со праксата, нарачателите на проекти да ги менуваат стручните комисии ако не им се допаѓаат нивните решенија. Таа апелира да се почитува стручноста, а не како во анегдотата што кружела меѓу архитектите, дека професорот Живко Поповски на еден од сегашните проектанти на ГТЦ, му рекол дека ја промашил професијата и дека треба да студира право, а не архитектура.

Раѓеновиќ Јовановиќ најавува дека ѓе продолжи акцијата „Го сакам ГТЦ“ затоа што таа претставува израз на бунт и револ на архитектите и на граѓаните против она што му се случува не само на ГТ, тука на целиот град.

-Досега немаме никаков одговор од институциите, нон стоп се судираме со ѕид на молк, но, нема да се откажеме.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски